ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Сончево време, попладне пороен дожд

Пороен дожд во Скопје / Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески

Претпладне ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец, попладне ќе има изолирана појава на пороен дожд проследен со грмежи. Утринската температура ќе се движи во интервал од 13 до 16 степени, а дневната од 18 до 29 степени.

Во Скопје претпладне со умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната утринска температура ќе се движи до 15 степени, а максималната дневна ќе достигне до 26 степени.

УХМР и за утре прогнозира нестабилно време. Претпладне се очекува да биде сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, на места со услови за невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.

Во Скопје утре претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот