Ни доаѓаат три неработни среди – еве уште колку неработни денови имаме!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Пред граѓаните се три неработни среди, а тоа се 24 април, 1 мај и 8 мај.

Владата на седница пред неколку дена ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за прогласување на 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) за неработни денови, поради распишување на избори за претседател на Македонија и избори за пратеници во Собранието.

1-ви мај пак е Денот на трудот и исто така, и во изминатите години не се работи на овој ден.

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) следни неработни денови се:

За сите граѓани на РСМ

6 мај (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,

24 мај (петок) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители,

2 август (петок), Ден на Републиката,

8 септември (недела), Ден на независноста, односно 09 септември (понеделник) е неработен ден

11 октомври (петок), Ден на народното востание,

23 октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба

8 декември (недела), “Св. Климент Охридски”, односно 09 декември (понеделник) е неработен ден.

За граѓаните од православна вероисповед

6 јануари (сабота), Бадник, ден пред Божик,

19 јануари (петок), Богојавление (Водици),

3 мај (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,

21 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,

28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

1 ноември (петок), Празникот на сите светци,

За граѓаните од муслиманска вероисповед

16 јуни (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ

22 ноември (петок), Ден на албанската азбука

За граѓаните припадници на влашката заедница во РСМ

23 мај (четврток), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ

12 октомври (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ

28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ

21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик.