• понеделник, 13 мај 2024

Димитриевски: Граѓаните да ги анализираат сите понуди на кандидатите за претседател

Димитриевски: Граѓаните да ги анализираат сите понуди на кандидатите за претседател

Делчево, 5 април 2024 (МИА) - Кандидатот за претседател на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија, Максим Димитриевски денеска со својот караван „Максим за Македонија" е меѓу граѓаните на Берово, Делчево и Македонска Каменица. Своето присуство го искористи да оствари средба со претставници на неколку успешни компании од регионот, а потоа имаше и неформални средби со граѓани.
 
-Денеска мојот караван „Максим за Македонија“ заедно со мене и останатите луѓе во тимот сме во овој дел од државата. Утрово поминавме низ Берово, денеска сме во Делчево, подоцна ќе одиме во Виница. Сакам да испратам една јасна порака до граѓаните, првично дека не сме сите исти, првично да ги охрабрам граѓаните да обрнат внимание, да ги анализираат сите понуди од сите кандидати и на крајот да донесат одлука. Првенствено да излезат масовно на избори, да се одважат и својата поддршка да ја дадат на овој кандидат за кој што смета дека ја заслужува истата, рече Димитриевски.

Околу разликата помеѓу него и останатите кандидати рече дека тој е кандидат кој што излегува од граѓаните.

-Сум работел, работам и ќе продолжам да работам за граѓаните и сметам дека може работите да ги вратиме во нормала  бидејќи во моментов живееме во едно зависно друштво кое што е зависно и заложник на политички субјекти, партии кои што се менуваат од година во година. Нема никакви разлики, се полошо за граѓаните. Ние од политички от субјект знам имаме концепт и визија како да ги исправиме нештата и државата да им ја вратиме назад на тие на кои што им припаѓа, а тоа е граѓанинот на прво место, рече Димитриевски.

Посетата на источниот регион Димитриевски ја продолжуваме во Кочани, каде во целоснт ќе ја претстави својата програма за претстојните избори. вс/дма/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан