Македонија

Стевчо Јакимовски призна пораз и честиташе на Силјановска-Давкова

Претседателот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски вечерва призна пораз и упати честитки до Гордана Силјановска-Давкова за водството во првиот круг.

Јакимовски не задоволен од резултатот и има најмалку гласови од седумте кандидати.

,,Јас ја одржувам оваа прес-конференција со цел да го признаам поразот на овие претседателски избори, а воедно, да ѝ честитам на водство на госпоѓата Гордана Силјановска-Давкова и да ѝ посакам среќа во вториот изборен круг. Дали резултатите се задоволувачки? Според мене, нормално дека не се задоволувачки. Далеку се од очекувањата. Како и да е, битно беше дека граѓаните на Република Македонија имаа избор. Избираа меѓу седум свои кандидати. Дали биле во право за тоа што го избрале, ќе видиме после пет години. Се надевам дека сите ќе бидеме живи и здрави и после пет години ќе констатираме дали изборот бил добар или не“, рече Јакимовски.

На почеток