Полувреме во Мадрид: Мрежите мируваат, следуваат 45 минути за одлука

Фудбалерите на Реал Мадрид и Баерн Минхен играат интересено прво полувреме, но за жал на љубителите на фудбалот, мрежите мируваат после првите 45 минути. Одлуката за вториот финалист ќе падне во вториот дел, а можеби и во продолженијата или пеналите.

Резултатот во двомечот останува израмнет, 2-2, идентичен како на првиот меч во Минхен. Реал во првото полувреме имаше повеќе посед на топката, 56 наспроти 44, но и повеќе удари кон голот, вкупно осум. Сепак, ударите во рамки на голот се израмнети, 2-2.

„Кралевите“ се подобри во сите статистички елементи, но фудбалерите на Баерн Минхен во првите 45 минути претрчаа три километри повеќе и одлично покриваа на сите делови од теренот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести