Огромен проблем за Денвер: Се повреди Џамал Мареј?

Денвер се соочува со сериозен проблем пред петтиот натпревар од четвртфиналната серија против Лос Анџелес Лејкерс во разигрувањето за титула на Западната конференција. Нагетс ќе имаат меч топка за пласамн во следната фаза, но може борбата да ја водат без плејмејкерот Џамал Мареј.

Кандаскиот бек се повреди во поразот на Денвер на гостувањето во Лос Анџелес во четвртиот натпревар во кој Нагетс претрпеа пораз во самата завршница.

Во овој момент нема никакви дефинитивни информации за неговата состојба, дали тој ќе настапи или не. Неговиот статус е означен како „неизвесен“ и се чини дека одлуката за настап ќе биде донесена непосредно пред почеткот на средбата.

Се вчитува...