Денеска се слави најголемиот христијански празник Ѓурѓовден, празник на природата и животот

Денеска во чест на великомаченикот Георгиј, се слави празникот Ѓурѓовден. Тој се смета за најголем празник што го слави не само христијанското туку и целото население во Македонија. Во негова чест се слави празнувањето на природата, разбудувањето на животот воопшто.

Именден празнуваат: Ѓорѓија, Ѓуро, Ѓурѓа, Ѓоре, Ганка, Ганчо, Гинка и др.

„Не случајно го носи епитетот „великомаченик“, бидејќи со својот живот и со својата непоколебливост како треба да се љуби Бога, да се сака и Бог и црквата Христова, како што знаеме од неговото житие на маченички начин го положува својот живот„

Во текот на целата светла седмица не е предвидено постење, затоа што е благословена на секаков вид на храна.

„Оваа прва недела во целата светла седмица, и во среда и во петок се денови кога обично се пости. Оваа седмица е раширена и поради големината и порди величината на празникот, воопшто не се пости благословена е на секаков вид на храна“

Вечерта спроти Ѓурѓовден се запотнува со гранки од леска и со кукурек. Според верувањето потката треба да ги чува објектите и предметите од разни опасности, болести и други несреќи, а нивите заедно со бериќетот од секаква штета, од пороен дожд, од штетни животни, инсекти, болести и сл. Со леска се запотнуваат нивите леите, куќите плевните и други поголеми објекти. Леската според народното верување е сигурен заштитник особено од град и гром. Во леска гром не удира бидејќи Господ ја благословил, а удира само во дрво под кое седи ѓаволот. Се верува дека на Ѓурѓовден не треба да се спие, бидејќи главата може да ве боли цела година.

Лаура Стојанова, М-Нет