Првата порака на Кејт Мидлтон откако му соопшти на светот дека има рак: Еве на кого се обрати принцезата од Велс

од Симе Стоиков

Кејт Мидлтон и се обрати на јавноста преку Платформа Икс, што може да се протолкува како нејзина прва јавна објава откако на 22 март во емотивна видео порака објави дека боледува од рак.

Причина Кејт Мидлтон да проговори беше трагедијата во Сиднеј пред неколку дена, кога шест лица загинаа, а 12 беа повредени во напад со нож во трговски центар, на плажата во областа Бонди.

– Шокирани сме и тажни од ужасните настани во Сиднеј претходно. Нашите мисли се со сите засегнати, вклучувајќи ги и најблиските на загинатите и херојските работници за итни случаи кои ги ризикуваа своите животи за да спасат други. К и В – гласи пораката на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, објавена на платформата X.

Слични содржини