15.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Пендаровски: Со уставните измени го продолжуваме патот кон ЕУ

Кандидатот за претседател. Стево Пендаровски на дебатата во МТВ порача дека се потребни уставни измени за државата да продолжи по патот на евроинтеграциите,

„Јасно е дека ако влеземе во уставни промени ова што го заговараме некои од нас во однос на тоа дека Бугарите треба да ги ставиме во устав заедно со други пет делови од народи, значи ако се отвора уставот, не би требало да се отвора секој понеделник, ако го отвораме можеме да го промениме и делот на овие 20%, се разбира и во делот на од суспензивно во апсолутно вето. Значи, немам дилеми околу тоа. Не велам дека само за апсолутно суспензивно треба да се менува устав, меѓутоа ако веќе го отвораме за ова што ни е главна пречка кон Европската Унија треба да го направиме тоа. Инаку, вложив две вета, не едно. Првото е за диви градби на оваа коалиција која ме предложи и најавив две други кои не дојдоа до мене бидејќи знаеа дека ќе ставам вето и на тие. Јас сум човек претседател кој дал најмногу вета во историјата на Македонија“ посочи Пендаровски.

Тој додаде дека ви македонскиот Устав веќе се наведени бројни етнички заедници

„Ско збориме од домашен аспект како ќе го толкувате тоа што уште од рамковниот договор навака ние во Уставот и во преамбулата ги имаме Албанците како европска вредност или како уцена од било кого, Туци итн, да не ги набројувам. Реалноста на Македонија е ова што ја знаеме, мултиетничка. И ние бараме специфични модели во кои меѓусебе ќе коегзистираме за доброто на државата, наместо да се тепаме меѓу себе. Бугарската идеја е јасна, бугарскиот наратив комплетно да се преземе и ние тоа го одбивме. Останува само уште овие 3.500 Бугари, мало бугарско малцинство што живее овде да ги ставиме во уставот заедно со уште пет други делови од народот и тоа не е ништо чудно. Апсолутно не е ништо чудно. Од 90тите постои договор меѓу Романија и Бугарија за статусот на малцинствата во двете држави, да не ги кажувам овие други бивши југословенски републики“ рече Пендаровски,