Аталанта ќе го предизвика Јуве во финалето на Копа Италија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Аталанта се вторите финалисти во Копа Италија, откако вечерва во трилер-меч на домашен терен славеа против Фиорентина со 4-1. Тимот од Фиренца имаше предност од 1-0 по првиот натпревар, но тоа не беше доволно за финале во најмасовното италијанско натпреварување.

Kопмејнерс уште во 8. минута донесе водство од 1-0 за домаќините. Гостите израмнија на 1-1 преку Мартинез Карта во 68. минута. Сепак, тимот од Бергамо со погодоците на Скамака, Лукман и Пашалиќ успеа да стигне до победа од 4-1 и финале во Копа Италија.

Atalanta [2] – 1 Fiorentina – Gianluca Scamacca 75′
byu/etclassico insoccer

Се вчитува...