Македонија Избори

Честитки и поддршка за Силјановска Давкова од Меѓународната демократска унија

ВМРО-ДПМНЕ е една од 87 политички партии кои членуваат во IDU.

Честитки и поддршка за Силјановска Давкова од Меѓународната демократска унија

Честитки и поддршка за Гордана Силјановска Давкова стигнаа и од Меѓународната алијанса на центар-десно ориентираните партии – Меѓународната демократска унија (International Democracy Union) – IDU.

Благодарност за поддршката од Меѓународната демократска унија (International Democracy Union) – IDU изрази професорката Гордана Силјановска Давковка, истакнувајќи дека заедно со ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи и понатаму да се залага за гаранција за правата и слободите на граѓаните, за демократијата и за владеењето на правото.

-Исто така од Меѓународната демократска унија (International Democracy Union) – IDU беа упатени честитки по повод победата на проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова во првиот круг од Претседателските избори, со уште поголема поддршка за успех и во вториот круг. Во јавно упатената поддршка до проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова на социјалната мрежа Х од 23 април 2024 година, непосредно пред одржувањето на првиот круг од Претседателските избори, се вели: „Меѓународната демократска унија им посакува успех на ВМРО-ДПМНЕ и нивната кандидатка за претседател на државата, Проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова, во првиот круг од претстојните Претседателски избори. ВМРО-ДПМНЕ е секогаш непоколеблив промотор на центар-десничарските политики и на одговорното владеење во Македонија“, стои во соопштението.

Меѓународната демократска унија – IDU е алијасна на центар – десно ориентираните партии со седиште во Минхен, која има за цел дијалог и поврзување меѓу десничарските партии во светот.

ВМРО-ДПМНЕ е една од 87 политички партии кои членуваат во IDU.

Најнови вести од Македонија

To top