ПСЖ е незадоволен од Шкриниjар, ќе го продава на лето

Милан Шкриниjар може да го напушти тимот на ПСЖ на лето, само една сезона откако дојде од Интер како големо засилување. Меѓутоа од таборот на тимот од Париз не се задоволни од учиникот на Словакот, и би можеле да го стават на трансфер листа.

Според „Л’Екип“, поради одличните перформанси на Бералдо, Шкриниjар има мали шанси да го заземе местото во првите 11.

Раководството на ПСЖ наводно веќе почнало да бара и нов дефанзивец, како замена за Словакот. Шкриниjар беше долго време дел од Интер, од каде како слободен играч се пресели во Париз. Претходно беше дел од Сампдорија и од Жилина.

Се вчитува...