Утрински Весник
Свет

Лавров: Американците ги преминаа сите граници

Лавров до Молдавија: Може да станете следната Украина
300x250 (7)

Соединетите Американски Држави, во обид да воспостават хегемонија, ги преминаа сите граници на пристојност, но Кина носи свои заклучоци, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

dobivaj vesti na viber

„Денес се’ може да се очекува од Соединетите Американски Држави. Во обид да ја воспостават својата хегемонија, тие веќе ги преминаа сите граници на пристојност: дипломатска, етичка и сите други“, рече Лавров во интервју за телевизијата „Русија 1“ коментирајќи ги изјавите на САД за недозволивоста на повиците за примирје, за време на самитот на лидерите на Русија и Кина.

300x250 (7)

Според неговите зборови, овие изјави биле разговарани со кинеските колеги.

„Кинеската страна ја отсликува традицијата на голема цивилизација стара илјадници години. И кинеската страна разви свој стил низ годините. Тоа лежи во достоинството, се состои во длабока анализа на сето она што се случува за да не се преземат избрзани чекори. Но, кинеската страна, секако, носи заклучоци и тоа најдлабоки“, одговори Лавров на прашањето како кинеската страна гледа на притисокот на САД.

Кинескиот претседател Си Џинпинг од 20 до 22 март беше во државна посета на Русија, што е негово прво патување во странство откако по трет пат беше избран за шеф на државата. На првиот ден од посетата, претседателот на Кина четири и пол часа разговараше со рускиот претседател Владимир Путин на неформален состанок во Кремљ, додека официјалните руско-кинески разговори беа одржани на 21 март со учество на делегации.

Ss1

Можете да прочитате

Папата патува во Венеција, планира и амбициозно патување во Азија

Шпанскиот премиер Педро Санчез утре ќе соопшти дали поднесува оставка

Ирак воведува затворски казни до 15 години за ЛГБТК+ лицата