Breaking News

Сончево и релативно топло


– Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.


Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени Целзиусови.


Во Скопје ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност и со слаб североисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), следува период на сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност.


Локална појава на попладневна нестабилност со пороен дожд и грмежи се очекува кон средината на следната седмица. вј/ев/Фото: МИА архива .

Извор: МИА