Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона веќе се насочува кон летниот преоден рок: Деко контактирал соиграч на Елмас

Објавено

на

foto:twitter.com/RBLeipzig_EN

Барселона вчера доживеа елиминацијата од Лигата на шампионите и многу веројатно е дека ќе остане без трофеј оваа сезона, особено поради фактот што каталонците имаат и осетна негатива во однос на Реал во домашното првенство.

Каталонците не ги исполнија очекувањата и планот е претстојново лето да видиме и неколку промени во составот, а засега не е познато и кој ќе биде наследникот на Чави Ернандес.

Легендарниот Деко ќе биде задолжен за планирање на спортскиот проект и тој ќе биде одговорен за операциите кои ќе ги активира клубот, а една од нив треба да биде Дани Олмо.

Угледните каталонски медиуми информираат дека спортскиот директор денеска се состанал со агентите на Олмо и неговиот татко, се со цел да се разгледа опцијата за ангажман на шпанскиот репрезентативец.

Соиграчот на Елиф Елмас веќе четири години е во РБ Лајпциг и има важечки договор со Германците до 2027-ма година, но може слободно да си замине доколку некој исплати 60 милиони евра, онолку колку што изнесува неговата откупна клаузула.

Барселона има сериозна намера да тргне по Олмо, но каталонските медиуми откриваат дека конкуренција ќе биде и Манчестер Сити, клуб кој веќе пројавил интерес за Дани пред една недела.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни