3 вежби за рамен стомак: Сите се прават стоечки, а го даваат истиот резултат

9 мај, 20240
adult-18677431280-830x0

Подготовките за летото се веќе во полн ек, а има и корегирана исхрана. Сепак, за уште побрзи резултати, треба да се фокусирате на одредени делови од телото и да го правите истиот систем за вежбање.

Затоа за вас ги подготвивме овие три вежби со кои можете да ја доведете вашата линија до посакуваниот изглед. Она што е интересно е што сите се изведуваат во стоечка положба и се добри за зајакнување на стомачните мускули и ослободување од салото на стомакот.

Вежба 1

Застанете во раскорачен став, со стапалата на ширина на рамената и ставете ги рацете на задниот дел од главата. Свиткајте го левиот лакт и десното колено во исто време, обидувајќи се да ги споите, а потоа повторете го истото со десниот лакт и левото колено. Направете три серии од по 20 повторувања.

Вежба 2

Се изведува исто како и првата вежба, значи ист став и положба, со исклучок што овде воведувате чучњеви. Кога се наведнувате за да ги споите лактот и коленото, во исто време чучнувате. Направете го тоа и во три серии од по 20 повторувања.

Вежба 3

Застанете со стапалата споени и рацете заедно подигнати над главата. Подигнете го едното колено и плескајте со рацете со дланката под него. Направете два сета од по 20 повторувања.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi