Трамп: Ако победам на претседателските избори Америка повторно ќе биде слободна земја

Од:

Претседателските избори во САД во 2024 година се последната битка, изјави поранешниот американски претседател Доналд Трамп на првиот предизборен митинг, додавајќи дека неговите непријатели очајнички се обидуваат да го спречат на патот кон Белата куќа, но не успеваат.

-Нашите противници направија се што можеа за да ни го скршат духот и да ја скршат нашата волја, но не успеаја. Само не зајакнаа. А 2024 година е последната битка, и тоа голема. Вратете ме во Белата куќа и нивното владеење ќе заврши и Америка повторно ќе биде слободна земја, им рече Трамп на приврзаниците во Вејк, Тексас.

Тој повтори дека изборите во 2020 година на кои беше поразен од Џо Бајден биле нерегуларни и ги пофали демонстрантите кои упаднаа во Капитол на 6 јануари 2021 година, пишува Гардијан.

Тој, исто така, ги критикуваше обвинителите кои водат неколку истраги против него, велејќи дека тие се „апсолутен човечки ѓубриња“.

Тој рече дека неговиот приватен живот се „превртел наопаку“ поради, како што навел, лошото однесување на левичарските манијаци. Истрагите против него ги окарактеризира како политички напади координирани од демократите во Вашингтон.

Би можело да ве интересира

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“

Шест поротници се избрани за судењето на Доналд Трамп

Започнува судењето на Трамп, првото судење на американски претседател во историјата