Германската компанија HyImpulse денеска успешно лансираше ракета, напојувана со цврсто парафинско гориво, која ќе може да носи комерцијални сателити.

„Ја покажуваме силата на Германија како вселенска нација и го прошируваме пристапот на Европа до вселената“, рече шефот на компанијата Марио Кобалд.

Дванаесет метри долга и 2,5 тони тешка ракета наречена SR75 беше лансирана околу 5 часот по европско време од Куниба, Австралија.

Може да носи помали сателити со тежина до 250 килограми до височина до 250 километри, а може да работи на цврсто парафинско гориво или течен кислород

Парафинското гориво се користи како поевтино и побезбедно алтернативно ракетно гориво. HyImpulse тврди дека заштеди до 50 проценти.

Германската компанија со околу 65 вработени објави дека веќе добила преднарачки за лансирање сателити во вредност од над 100 милиони евра.

HyImpulse сака да го прошири својот бизнис бидејќи расте побарувачката за транспорт на комерцијални сателити, па до 2032 година сака да оствари приходи од 700 милиони евра.