Насловна / Вести / Кои земји во регионот веќе се обврза на напуштање на јагленот, а кои сеуште молчат?

Кои земји во регионот веќе се обврза на напуштање на јагленот, а кои сеуште молчат?

На листата од 40 земји со најголем удел на јагленот во производството на електрична енергија, се наоѓаат 8 земји од регионот. Тоа се Босна и Херцеговина, Бугарија, Црна Гора, Косово, Македонија, Словенија, Србија и Турција. Шест од нив веќе на некој начин ја имаат определено својата политика во иднината кога станува збор за напуштањето на јагленот во енергетиката. Бугарија, Црна Гора и Словенија имаат подготвени и национални Стратегии за напуштање на јагленот.

coalphaseout2

 

Обврска за напуштање на јагленот има  прифатено и Македонија, а меѓународна обврска презеде и Косово, но само во делот на запирање на изградбата на нови термоелектрани на јаглен. Таква одлука донеле и Мароко и Казахстан. Достигнување на целта за нулта емисии или климатска неутралност си поставила и Турција, но без обврска да го напушти јагленот. Србија и Босна и Херцеговина сеуште се немаат обврзано на никакви рокови за напуштање на јагленот. Во светот постојат повеќе од 9.000 термоцентрали на јаглен и многу од нив посебно во Кина и Индија се од релативно понов датум.

coalphaseout1

 

Испрати коментар

Scroll To Top