Пад на инфлацијата во ЕУ намалена за 0,2 процентни поени

Во март, според Европската статистичка агенција

18

Европската статистичка агенција – Евростат, објави дека лани во март годишната стапка на инфлација во Еврозоната изнесуваше 6,9%, а во цела ЕУ била 8,3%. Анализирано по земји членки, минатиот месец најниска годишната стапка на инфлација имала Литванија од 0,4%, по што следуваат Финска со 0,6% и Данска со 0,8%.

 

Годишната стапка на инфлација во Еврозоната во март годинава изнесуваше 2,4% што е намалување за 0,2 процентни поени во однос на претходниот месец, кога таа изнесуваше 2,6%. На ниво на цела ЕУ, годишната стапка на инфлација минатиот месец се намали за 0,2 процентни поени на 2,6% од 2,8% колку што изнесуваше во февруари 2024 година.

Европската статистичка агенција – Евростат, објави дека лани во март годишната стапка на инфлација во Еврозоната изнесуваше 6,9%, а во цела ЕУ била 8,3%.

Инаку, анализирано по земји членки, минатиот месец најниска годишна стапка на инфлација имала Литванија од 0,4%, по што следуваат Финска со 0,6% и Данска со 0,8%. Од друга страна, највисока годишна инфлаторна стапка во март е регистрирана во Романија од 6,7%, пред Хрватска со 4,9% и Естонија и Австрија со по 4,1%.

Најголем удел на нивото на годишната стапка на инфлација во март имале растот на цените на услугите за 1,76 процентни поени, на храната, алкохолот и тутунот за 0,53 процентни поени и на неенергетските индустриски стоки за 0,3 процентни поени. Енергијата, пак, во март во ЕУ поевтинила за 0,16 процентни поени.