Македонија добро помина: Извлечени репрезентации кои ни се по мерка во новата сезона од Лига на нации

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва ги доби ривалите од следното издание во Лигата на нации и може да се констатира дека жрепката по нас е поволна.

Македонија се наоѓа во Ц дивизијата, заедно со репрезентациите на Ерменија, Фарски Острови и Летонија, репрезентации кои секако се под нивото на Македонија, а добро е тоа што во оваа фаза е избегната репрезентација како Шведска.

Првите две кола се закажани за 5. и 8. септември годинава, а потоа дури во октомври се следните две кола. Финалето ќе биде некаде во ноември, додека елиминациската фаза е закажан за 2025 година.

Во оваа група, по ранг и квалитет, најтежок ривал треба да ни биде репрезентацијата на Ерменија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО