Тухел на работ на срамот пред навивачите на Баерн: Двојно полош тренер од Нагелсман (ФОТО)

Лошите и променливи резултати и понатаму траат во Баерн Минхен, тренерот Томас Тухел е на удар на навивачите поради последниот пораз, од Лацио во ЛШ.

Тоа за Баерн Минхен е реткост, тие по цели пет години се поразени во првиот натпревар од осминафиналето во ЛШ, што јасно укажува дека не се на добар пат, па и во Бундеслигата не им оди според посакуваното.

Но фокусот се става на Томас Тухел, кој има крајно лоша статистика и бројки зад Баерн Минхен. Тренерот на Баерн во 43 официјални натпревари со овој клуб, има 10 порази, што е драматично полошо од она што го имаше Јулиан Нагелсман како статистика претходно, тој забележа 10 порази на 84 натпревари, што е двојно подобар скор.

Несомнено дека доколку Баерн Минхен забележи елиминација во ЛШ од Лацио, Томас Тухел ќе биде првата жртва која се очекува да падне.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО