Возило во движење се запалило вчера попладне на експресен пат Штип – Кочани, кај исклучокот за Пробиштип, соопшти СВР Штип. При тоа, нема повредени лица.
-На 29.04.2024 во СВР Штип е пријавено дека околу 17.00 часот на експресен пат Штип – Кочани, кај исклучокот за Пробиштип, настанал пожар на патничко моторно возило „опел мерива“ во движење, управувано од Ј.И.(44) од Штип. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема, информираше полицијата.
Увид извршила увидна екипа на СВР Штип.
фото: Архива
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ...