еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Притвор за 25-годишното момче за убиството на старицата од Струмица

Дваесет и петгодишниот струмичанец П.И., кого ОЈО Струмица го сомничи дека е извршител на убиството на 83-годишната М.Б., доби триесетдневен притвор.

Според портпаролката на Основниот суд во Струмица, Мариета Дукиќ, мерката му ја одредил судија на претходна постапка од судот, кој го прифати предлогот на струмичкото Јавно обвинителство.

Притворот му е одреден по член 123 од Кривичниот закон, став 2, точка 4 за кривично дело „убиство“.

Инаку, П.И. се сомничи дека на 20 јануари, откако побарал и не добил пари од М.Б. од Струмица, со која бил во роднинска врска, ја нападнал, а од здобиените повреди, таа починала.

Тој одзел пари и предмети од домот на М.Б., од кои дел биле пронајдени при претресот, извршен по наредба на ОЈО Струмица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

83-годишната старица од Струмица ја убило 25-годишно момче, нејзин роднина, откако не му дала пари

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Mузичката дива Јасмин Леви за прв пат во Скопје, под покровителство на МТЕЛ

Редакција

Топ пет највисоки плати

Редакција

Фрлил отпушок од цигара, изгореле 20 хектари трева и 6 хектари шума

Редакција