Предмет од вселената пробил покрив и два ката во куќа на Флорида. НАСА: Знаеме за што се работи
Мистериозен објект што падна „од небо“ на дом на Флорида на 8 март всушност е парче вселенски отпад, објави НАСА. Вселенската агенција навела дека се работи за цилиндрично парче метал, тешко 0,7 килограми, долго 10 сантиметри и широко 4 сантиметри.
Заклучено е дека се работи за парче отпад што е фрлено од Меѓународната вселенска станица (ISS) во 2021 година, односно метална потпора за поставување на стари батерии на товарен контејнер. Канистерот беше исфрлен од вселенската станица пред три години и се очекуваше товарот целосно да изгори по повторното влегување во атмосферата на Земјата, но едно парче преживеа.
Објектот го пробил покривот и потоа поминал низ 2 ката од домот на Алехандро Отеро во градот Неапол на југозападниот брег на Флорида. Веднаш е однесен на анализа во вселенскиот центар Кенеди во Кејп Канаверал. Отеро изјави за телевизиската станица WINK дека предметот испуштал „ужасен звук“ и за влакно го промашил неговиот син.
„Се тресев. Бев во потполно неверување. Какви се шансите нешто да слета на мојата куќа со толкава сила и да предизвика толкава штета. Многу сум благодарен што никој не беше повреден“, рече тој.
The EP-9 equipment pallet reentered at 1929 UTC over the Gulf of Mexico between Cancun and Cuba. This was witih the previous prediction window but a little to the northeast of the ‘most likely’ part of the path. A couple minutes later reentry and it would have reached Ft Myers
— Jonathan McDowell (@planet4589) March 8, 2024