ТРАГЕДИЈА НА ИТАЛИЈАНСКОТО НЕБО: Пилотот реагираше веднаш, но беше предоцна

919

На летот на компанијата „Рајанер“ во Италија денеска се случила драма која завршила со смрт на еден патник, пренесува Билд.

Имено, неколку минути по полетувањето од Торино, во авионот починал 33-годишен патник.

Според информациите од аеродромот, пилотот веднаш го свртел авионот назад, но за жал за несреќниот човек било доцна.

Првично немаше информации за точната причина за смртта.

Авионот бил на пат од Торино кон градот Ламесија Терме на југот на Италија. Како што пренесува „Кориере дела сера“, патникот, кој патувал со сопругата, по качувањето се пожалил на гадење. Потоа изгубил свест.

Според тој извештај, пилотот веднаш го свртел авионот и слетал на истиот аеродром по 36 минути.

Екипажот за итна помош можеше само да потврди дека патникот починал. Сопругата на несреќниот маж е пренесена во болница.

Според извештаите, двајцата се венчале минатата година.