Линкови за пристапност

Блинкен ќе зборува за зајакнување на израелско-саудиските односи во Саудиска Арабија


Пред патувањето, американскиот државен секретар во понеделникот рече дека САД „имаат вистински национален безбедносен интерес во промовирањето на нормализација на односите меѓу Израел и Саудиска Арабија“
Пред патувањето, американскиот државен секретар во понеделникот рече дека САД „имаат вистински национален безбедносен интерес во промовирањето на нормализација на односите меѓу Израел и Саудиска Арабија“

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен оваа недела е во посета на Саудиска Арабија на разговори за безбедносни и економски прашања и се очекува да се сретне со официјални лица, вклучително и саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман.

Пред патувањето, Блинкен во понеделникот рече дека САД „имаат вистински национален безбедносен интерес во промовирањето на нормализација меѓу Израел и Саудиска Арабија“.

Потекнувајќи барем од администрацијата на поранешниот американски претседател Џими Картер, САД работеа на нормализирање на односите меѓу Израел и неколку арапски нации, вклучувајќи ги Египет, Бахреин, Мароко и Обединетите Арапски Емирати.

Блинкен на состанокот на произраелското лоби AIPAC изјави дека дел од неговата посета на Саудиска Арабија ќе вклучи работа кон зајакнување на израелско-саудиските односи.

„Ние веруваме дека можеме и навистина мораме да одиграме интегрална улога во унапредувањето на тоа“, рече Блинкен.

„Сега, немаме илузии дека тоа може да се направи брзо или лесно“.

Распоредот на Блинкен вклучува министерски состанок во средата со Советот за соработка во Персискиот залив на кој ќе се разговара за промовирање „безбедност, стабилност, деескалација, регионална интеграција и економски можности низ Блискиот Исток“, соопшти Стејт департментот.

Дел од информациите во текстот се од АП, Ројтерс и Франс-прес

XS
SM
MD
LG