Милан почнува преговори со тренерот кој го продолжи договорот до 2028

Милан е во потрага по ангажман на нов тренер, откако станува јасно дека Стефано Пиоли ќе си замине од екипата после завршувањето на сезоната.

Се споменуваа многу тренери како можни наследници, од Роберто де Зерби, до Марк ван Бомел и Хулиен Лопетеги, а најново име кое е во трката за тренерското место е Серџо Консеисао, актуелниот предводник на Порто.

Милан наводно веќе почнал преговори со тренерот, но се чини дека мисијата е невозможна, со оглед дека неодамна Консеисао ја продолжи верноста со Порто до 2028 година, а и неговата желба беше да остане во Порто, и покрај интересот од неколку клубови.

Се вчитува...