Top Sport

(Видео) Карагер заврши во „Жолтиот ѕид“ па пијан ги ги интервјуирал играчите

Џејми Карагер не можеше да одолее на привлечноста на „Жолтиот ѕид“. Првиот полуфинален натпревр во Лигата на шампионите меѓу Борусија Дортмунд и ПСЖ (1:0) го искористи од прва рака да ја почувствува атмосферата на „Вестфален“.

Карагер од трибината, со навивачите на Борусија го виде победничкиот гол на Никлас Филкруг, со кој Борусија обезбеди минимална предност пред реваншот во Париз.

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, сега фудбалски коментатор и аналитичар одлично се забавуваше меѓу најверните навивачи на „милионерите“. Можеби малку премногу, бидејќи се врати во алкохолизирана состојба.

Од студиото го прашаа дали е доволно трезен за да го води интервјуто, кога се врати и го зазеде своето место покрај Петер Шмајхел.

„Тоа всушност има смисла, затоа што не јадев премногу. Јадев чизбургер ооколу два и пол кога стигнав до хотелот. Тоа може да објасни зошто ми се платка јазикот додека зборувам! Осум пива на „Жолтиот ѕид“, имам ново семејство, ново семејство на пријатели, тоа беше едно од најдобрите искуства во мојот живот, неверојатно“, одговори Карагер.

Во микс зоната, Карагер и Шмајхел го интервјуираа Џејдон Санчо. Карагер го праша: „Ако дојдеш до финалето можеме ли заедно да испиеме неколку пива“.

„Не пијам“, кратко му одговори Санчо.

Scroll to Top