logo
logo
logo

ХОРОР ВО ДИЗНИЛЕНД: Маж се самоуби пред очи на посетителите: „Никој не заслужува да го види тоа“

Vecer | 05.12.2022

ХОРОР ВО ДИЗНИЛЕНД: Маж се самоуби пред очи на посетителите: „Никој не заслужува да го види тоа“

Еден човек почина во Дизниленд во саботата вечерта, откако скокна во смрт од паркингот „Мики и пријателите“.

Инцидентот се случил околу 21:00 часот и довел до затворање на превозот во паркот, а полицијата брзо реагирала.

Портпаролот на противпожарната служба во Анахајм за Дејли Меил изјави дека жртвата не била во забавниот парк пред да скокне.

Некои посетители на забавниот парк на социјалните мрежи го виделе телото кое полицијата го ставила во вреќа додека се враќале од паркот кон своите автомобили.

Некои ја виделе и жртвата како паѓа.

- Мојата ќерка штотуку беше сведок како еден човек се самоуби денеска во Дизниленд - напиша едно лице на Твитер.

Луѓето на социјалните мрежи проговорија за трагедијата, вклучително и еден преплашен возач на трамвај.

- Јас сум возач на трамвај во Дизниленд - напиша Метју Беверле на Твитер.

- Вечерва беше многу тешка за нас и за сите. Жал ми е за него и неговото семејство... Никој не заслужува да го види ова, но менталното здравје е вистински проблем – додаде тој.

Други сметаа дека жртвата поминала низ некаква криза.

– Некој само скокна од зграда во Дизниленд и умре, напиша едно лице. Навистина е толку страшно. Искрено се надевам дека сега е мирен не чувствува болка. И навистина се надевам дека оние кои присуствуваа ќе ја добијат потребната помош за да го пребродат ова ужасно искуство - додаваат тие.

Извор: Република.рс

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk