1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиКенија

Надојдените води носат сѐ пред себе

26 април 2024

Обилните дождови предизвикаа поплави и хаос во Источна Африка, најпогодени се Танзанија и Кенија.

https://p.dw.com/p/4fChE
Поплави во Најроби, Кенија
Поплави во Најроби, КенијаФотографија: Luis Tato/AFP/Getty Images

Во поплавите предизвикани од обилните дождови во Кенија загинале десетици луѓе, билансот е сличен и во Танзанија. Многу патишта и мостови се блокирани, а надојдените буици ги однесле куќите во сиромашните квартови и населби. Во Кенија ситуацијата е најлоша во главниот град Најроби. Танзанискиот премиер Касим Мајалива пак изјави дека од катастрофата се погодени околу 200.000 луѓе. Обилни дождови паѓаат и во региони каде врнежите се вистинска реткост, засегнати се земјоделците, чии полиња се под вода, а стоката се удавила.

Се очекува дождот да продолжи да паѓа и во наредните денови.