„Комити“ од гробот на Делчев: Нема да не спречат барикадите, се дур во нас живеат идеалите

Навивачката група „Комити“ ја одбележаа 151-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Навивачите беа на барикадите, а откако заврши официјалниот дел, дел пропуштија да положат цвеќе пред гробот на великанот.

„Нема да не спречат барикадите, се дур во нас живеат идеалите! Вечна ти слава Даскале“, напишаа од навивачката група „Комити“.

Претходно, навивачката група упати повик до јавноста преку транспарент на кој пишуваше: „Стани Македонче, потребна е акција, за даскалот кој ја обедини целата нација“.

Текстот „Комити“ од гробот на Делчев: Нема да не спречат барикадите, се дур во нас живеат идеалите е превземен од МАКФАКС.