Регион

Здружението „РАДА-ДЛУР“ го почести градоначалникот со уметнички слики во знак на благодарност и продолжување на културната традиција во Радовиш

Традиционално и оваа година, Здружението на ликовни уметници од Радовиш „РАДА-ДЛУР“ на ЕЛС општина Радовиш во знак на благодарност и долгогодишна поддршка, и подари неколку уметнички слики, изработени од ликовните уметници кои учествуваа на минатогодишната меѓународна радовишка ликовна колонија.

На средбата во малата сала за состаноци, градоначалникот Ристов со ликовните уметници од Радовиш разговараа за тековните и идните проекти на друштвото, можностите и капацитетите за уметничка галерија како и за продолжувањето на традицијата на одржување и уште посилен меѓународен карактер на ликовната колонија како еден од најважните културни брендови на општина Радовиш.

Препорачуваме:

В недела завршува еко акцијата на општина Струмица и ЈП Комуналец

Доделени награди 24 Мај на наставници во општина Струмица

Сузана Мицева

„Играме со шампионите“ – настан за сите љубители на шах во НУЦК „Антон Панов“ Струмица

Ѓ. K.