Поврзете се со нас

Англија

„Би-Би-Си“: Ливерпул го избрал идеалниот наследник на Клоп

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/LFC

Ливерпул е блиску до промовирање на наследникот на Јирген Клоп на менаџерската позиција, а името на првиот фаворит за функцијата ќе изненади многу фанови.

Досега се споменуваа неколку потврдени тренерски имиња, но „Би-Би-Си“ тврди дека изборот сепак паднал на актуелниот тренер на Феенорд, Арне Слот.

Холандскиот стручњак ги исполнува сите критериуми на менаџментот на „црвените“, а вниманието го привлече со титулата која со Феенорд ја освои минатата сезона. Сезонава клубот од Ротердам е на второто место во првенството и веќе го обезбеди трофејот во Купот.

Слот минатото лето беше поврзуван со преземање на Тотенхем, но самиот потврди дека не е заинтересиран за таа опција, но периодов е соочен со многу поголем предизвик.

45-годишниот стручњак нема ништо против да биде предводник на „црвените“, а Ливерпул е блиску да ја донесе одлуката, иако засега таа не е конечна.

Изминатиот период од трката за наследник на Клоп отпаднаа Чаби Алонсо и Рубен Аморим, кои имаат поинакви планови за следната сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни