Press "Enter" to skip to content

Се е подготвено за 7. по ред “Џез фактори фестивал“ во Битола

Годинешното 7. по ред издание на “Џез Фактори Фестивал“ во  Битола, ќе се одржи од 3 до 6 април со настапот на повеќе реномирани џез музичари од Македонија и странство во Народниот театар и Центарот за култура Битола, како и во неколку кафе барови.

Фестивалот ќе биде отворен со промоцијата на книгите “Радио“ и “Неправилен ритам“ на авторот Љупчо Јолевски. Следниот ден е резервиран за настапот на “Јулиа Сиедл Трио“ од (Австрија) и Николас Гардел Трио од (Франција) на сцената на Народен Театар од 20 часот, а програмата продолжува со настапот на Максимовски Јунајтед во “Порта Џез“ од 22 ч.

На 5. април концерти ќе одржат Гоце Мицанов Трио (Македонија)  и UNLEASHED COOPERATION од (Полска). Во Паб Бурбон Стрит преку поддршка на локалната културна сцена во Битола, програмата продолжува со диџеј сетот на Иле The Hair.Последниот ден е резервиран за работилницата за изработка на  гитари на Ивица Јорданов, настапот на Сара Ташкоска Квартет во Камарите, годишната конференција на Асоцијацијата на Џез фестивали во Битолскиот театар, а вечерта фестивалот ќе биде затворен со концертите на Сакис Пападимитриу од (Грција) и Ossa Квартет од (Србија).

Во “Камарите“ ќе биде доделена наградата “Гоце Димитровски“ за најдобар млад џез музичар во 2023 во соработка со Општина Битола.

За годинешниот плакат на фестивалот се погрижи Даниел Ѓурчиновски.

Влезниците освен на билетарата на Народниот театар Битола, може да се набават и онлајн преку веб страната на Џез фактори фестивалот како и преку страната на Битолскиот театар.