Големо признание: Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата!

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ со големо признание во ВТБ Лигата. Македонецот е прогласен за МВП на сезоната 2023/24.

Наградата Димитријевиќ ја доби непосредно пред денешниот меч помеѓу Уникс и Самара, втор во плеј-офот. Во серијата Уникс води со 1-0.

„За мене е голема чест да ја добијам наградата за МВП за регуларниот дел од сезоната на ВТБ Јунајтед Лигата 2023/24. Оваа година победивме на многу возбудливи натпревари и победивме во регуларниот дел од сезоната. Мислам дека ова е резултат на напорната работа на целиот тим. Би сакал да се заблагодарам на ВТБ лигата, на мојот тим УНИКС, на стручниот штаб предводен од Велимир Перасовиќ, на медицинскиот персонал и на нашите верни навивачи. Но, мојата најголема благодарност оди до моите соиграчи кои ми помогнаа да станам подобар играч“, изјави Димитријевиќ.

Се вчитува...