Свет
Одрон затрупа автобус во Колумбија, најмалку 27 лица загинаа
Најмалку 27 лица загинаа во лизгање на земјиштето што затрупа автобус во северозападна Колумбија во провинцијата Рисаралда, соопштија денеска колумбиските власти.
„Досега 27 лица, меѓу кои и три малолетни, загинаа во трагедијата во Рисаралда“, напиша колумбискиот претседател Густаво Петро, на „Твитер“.
Con tristeza debo anunciar que hasta el momento 27 personas, incluyendo 3 menores, han perdido su vida en la tragedia de Pueblo Rico, Risaralda. Solidaridad con las familias de las víctimas, tendrán un acompañamiento integral por parte del Gobierno Nacional.
— Gustavo Petro (@petrogustavo) December 5, 2022
Тој додаде дека изразува солидарност со семејствата на жртвите и вети поддршка од владата.
Претходно, гувернерот на Рисаралда, Виктор Мануел Тамајо, изјави дека петмина патници од автобусот преживеале, а спасувачите работат на пронаоѓање на телата на другите жртви, пренесува „Ројтерс“.
Колумбија ја погодија обилни дождови под влијание на временскиот феномен Ла Ниња, а досега загинаа повеќе од 216 лица, 48 лица сè уште се водат за исчезнати, а 538.000 луѓе останаа без своите домови поради несреќи предизвикани од врнежите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Француските експерти препорачуваат децата да не користат паметни телефони пред да наполнат 13 години
На децата не треба да им се дозволува да користат паметни телефони пред да наполнат 13 години и треба да им се забрани користењето на конвенционалните социјални медиуми како ТикТок, Инстаграм и Снепчет до 18 години, се вели во експертскиот извештај нарачан од францускиот претседател Емануел Макрон.
Макрон побарал експертите да предложат упатства за употреба на паметни телефони кај детската популација.
Тој сака да преземат решителни чекори за да ја ограничат нивната изложеност на негативното влијание на оваа технологија, пренесува лондонски Гардијан.
Регион
Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ
Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала утрово во 05:38 часот е регистриран во Хрватска, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Според информациите од Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот бил на 92 километри јужно од главниот град Загреб и на 14 километри од границата со Босна и Херцеговина, кај Тржачка Раштела.
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
Земјотресот најмногу бил почувствуван во централна Хрватска и во дел од Босна и Херцеговина со интензитет од V-VI степени според Европската макросеизмичка скала.
Засега нема извештаи за повредени лица или за предизвикана материјална штета.
Свет
Небензја: Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница
Рускиот амбасадор во Обединетите нации Василиј Небензја изјави дека Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница во Генералното собрание на ОН и додаде дека секоја страна и должи на другата и Сребреница не е единствената темна страна на таа војна.
Тој посочи дека промовирањето на нацрт-резолуцијата на Генералното собрание на ОН за геноцидот во Сребреница го прекршува Дејтонскиот договор.
„Тој нацрт е едностран и политички мотивиран“, рече тој.