Вести Македонија Топ вести

Едниот за спас на изборите, другиот за мнозинство во Собранието – Ковачевски и Мицкоски бараат масовен одзив на изборите

Со барања за масовен одзив од граѓаните на 8 мај, лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски, ја продолжија кампањата за претседателските и парламентарните избори. Ковачевски ја побара поддршката за, како што кажа, да се продолжи европскиот пат и да не се врателе „црните времиња“, а Мицкоски за да ја заврши победата и да ги освои посакуваните 61 пратеник во Собранието.

За Мицкоски извесна е двојна победа и Гордана Силјановска-Давкова ќе биде идниот претседател на Македонија, а верува и дека може да се достигне прагот од мнозинство во парламентот.

Ковачевски вчера од Кичево ги повика граѓаните на масовен одзив и да не гласаат против. туку за, бидејќи станува збор за иднината на државата и просперитетна и европска иднина. Во своето обраќање тој ги карактеризираше ВМРО-ДПМНЕ како кочничари и нагласи дека доколку десницата победи на изборите, очекува период на поделби, репресии и изолација како во времето кога лидер на партијата и премиер беше Никола Груевски.

Ковачевски го осуди и отворениот судир на ВМРО-ДПМНЕ со ДУИ и како што кажа националистичката реторика која се користи пред јавноста и граѓаните.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе