Музика на кирилица

Пајак и МС Стојан на 5-ти февруари ќе го промовираат новиот балкански хит “Мала моја„

Христијан Настески во јавноста познат како Пајак е талентирано момче кое ни доаѓа од убавиот Охрид, а пополека но сигурно го освојува Балканот, инаку студент во прва година на студии по информатика.

Со музика започнал да се занимавам уште од негова шестгодишна возраст, талентот го наследил од неговиот татко кој е поранешен гитарист и љубител на рок музиката.

На минатогодишното издание на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2022“ во Штип, младите и атрактивни Христијан Настески-Пајак и Лара Иванова на сцената ја претставија нивната најнова дуетска песна „Bella“, која што верувале или не, за кратко време стана тотелен хит насекаде. Песната стана вирална, после нивниот настап на YouTube веднаш беше промовиран и постиран и официјалниот видеоспот за оваа песна, која веќе ја знаат и во соседна Србија, Црна Гора, Бугарија, Хрватска… во целиот екс-ЈУ регион и речиси насекаде низ Балканот.

Во ексклузивно интервју за естрадниот магазин “Бекстејџ” откри дека “Бела” е песна која еднаш се случува и дека следува уште еден дует со Лара, а во меѓувреме следува дует со МС Стојан.

Можеби ќе ве интересира: