Борец, Младост, Големо Коњари и Превалец со „петарди“!

Борец со 0:5 ја декласираше Марена во рамки на 20. коло од Трета лига – Југ и со тоа се загрева за баражот за враќање во Втора лига. Двојни стрелци за велешката гордост беа Пеце Стојанов и Јосиф Манасиев, а еден гол постигна Дејан Стефановски.

„Петарда“ и од Младост за Ултрас во Кривогаштани, каде двојни стрелци за домашниот тим беа Ѓорѓиев и Чешелковски, а еден гол постигна Китаноски, за гостинската екипа погодија Митревски, Тасески и Тошески.

Големо Коњари со 5:0 го декласираше тимот на Локомотива од Градско на домашен терен преку трите гола на Мустафа Селманоски и погодоците на Божиноски и Ибраимоски.

Превалец со 5:1 го декласираше тимот на Бучин на домашен терен преку погодоците на Дукадиновски, Гаштев, Секуловски, Крстев и Кочов, а за гостинската екиа погоди Зоран Мирчески.

Питу Гули на домашен терен во Крушево со 3:0 го декласираше составот на Слога. Беким Алимоски беше двоен стрелец, а еден гол погоди Игор Здравески.

Александар Ванев, М-Нет