Супер-резолуција на личности од македонската историја со помош на вештачка интелигенција!

Како дел од нашите напори за подобрување на дигиталниот идентитет на Македонија направивме визуелизација на одредени личности од нашата историја со помош на вештачка интелигенција.

Која апликација ја користевме?

Се работи за апликацијата CodeFormer, со помош на која можете да ја зголемите резулуцијата на која било фотографија. Апликацијата е бесплатна за користење и кодот е open-source, додека научната студија е достапна тука.

Фотографиите потоа ги колоризиравме, што додава дополнителна реалистичност во пристапот. За колоризација нема да поставиме линк зашто е лесно достапна на многу сајтови и апликации.

Кои се резултатите?

Еве неколку примери:

Антон Попов

Петар Поп Арсов

Блаже Конески

Димитрија Чуповски

Колку за споредба, разликата во детали е повидлива вака:

Погледнете го видеото со повеќе личности од нашата историја како: Никола Мартиновски, Павел Шатев, Петар Поп Арсов, Васил Иљоски, Коле Неделковски, Антон Попов, Блаже Конески, Димитар Влахов, Димитар Поп-Георгиев, Димитрија Чуповски, Ѓорче Петров, Гоце Делчев, Григор Прличев, Дедо Иљо Малешевски, Јане Сандански, Кочо Рацин и Константин Миладинов.

Сите слики (со дополнителни личности) кои ги направивме со висока резолуција можете да ги симнете тука.

Потеклото на идејата за супер-резолуција

Во далечните 1980-ти во една сцена од визуелно неверојатниот филм Истребувач (Blade Runner, 1982), главниот лик, детективот истребувач Декард, прегледува слика од сцена на злосторство. При тоа тој зумира толку многу во сликата и прави “enhance” на детали кои невозможно да биле дел од оригиналната слика.

Кој и да го гледал филмот во раните 1980-ти помислил дека таква технологија е невозможна! Но, денес со развојот на АИ, е бесплатно достапна на секој.

Во книгата Super-Resolution Imaging na Пејман Миланфар се реферира на оваа сцена од филмот. За тоа време се работеше за неверојатна идеја. Но, можеби не е чудно што, само две години по филмот е објавен научниот труд на Цаи и Хуанг (Tsai and Huang) кој ја започна модерната идеја за супер-резолуцијата.

Останатото е во минатото… или подобро кажано, допрва не исчекуваат возбудливи времиња!


Погледнете ги нашите други проекти како:

Извор на насловната слика: Небојша Гелевски – Бане, со автоматски дополнета и проширена позадина со помош на ВИ апликацијата Leonardo.ai.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *