Кошарка: Одредени двојките за финалниот турнир во Купот „Благоја Георгиевски Буштур“

Познатите се двојките и распоредот на натпревари за завршницата на Купот на Македонија во кошарка, „Благоја Георгиевски Буштур“ што ќе се одржи од 15 до 17 февруари во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.

На завршниот „Фајнал-ејт“ турнир ќе настапат тимовите на МЗТ Скопје Аеродром, Еуро Никел 2005, Пелистер, Чаир 2030, Работнички, ТФТ Моцарт, Феникс 2010 и на Гостивар.

Четвртфиналните двојки беа одредени според пласманот на екипите по првиот круг од регуларниот дел на сезоната (11. кола) во Првата лига.

Четвртфинале: 15 февруари: (1) МЗТ Скопје Аеродром – (8) Гостивар (12 часот); (3) Еуро Никел 2005 – (6) Чаир 2030 (14.30); (4) Работнички – (5) ТФТ Моцарт 17); (2) Пелистер – (7) Феникс 2010 (19.30).

Полуфинале: 16 февруари: Победник двојка 1 – победник двојка 4 (1), 17.; Победник двојка 2 – победник двојка 3 (2), 19.30 ч.

Финале, 17 февруари, 18 ч.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО