Новинарка поднесе тужба за силување против Трамп

од Stefanija Kuzmanovska

Новинарката Е.Џин Керол, која претходно го обвини поранешниот американски претседател Доналд Трамп за силување, поднесе тужба против него во Њујорк.

Тужбата уследи само неколку минути откако стапи на сила новиот државен закон, дозволувајќи им на жртвите на сексуален напад да тужат за напади што се случиле пред неколку децении.

Новинарката бара компензација и казнена отштета за болка и страдање, психички повреди, губење на достоинството и нарушување на угледот.

Слични содржини