Поврзете се со нас

Англија

Снајдер ја посочи најголемата грешка на „лудиот“ Тен Хаг, па го нападна Антони: Поради него сакам да загубат 5:0 во финалето!

Објавено

на

Foto:instagram.com/wesleysneijder

Весли Снајдер остана составен дел од фудбалските настани по крајот на играчката кариера и редовно е гостин во специјализираните фудбалски емисии во Холандија, од каде често испорачува и „отровни стрели“ за луѓето кои треба да бидат амбасадори на холандскиот фудбал.

Легендарниот играч за врска го нападна Ерик Тен Хаг за најголемата грешка која ја направи во неговиот престој во Манчестер Јунајтед, која според него ќе биде и клучна за сето она што му се случи во последната година.

Снајдер смета дека Тен Хаг направил вистинска лудост што се откажал од Кристијано Роналдо, но во обраќањето за „Циго Спорт“, Весли не го поштедил и Антони кој им се потсмеваше на играчите на Ковентри во полуфиналето на ФА Купот.

– Денот кога Тен Хаг реши да се бори против Кристијано Роналдо, тогаш почна да ја губи почитта. Мислеше дека ќе му помине добро, но беше сосема спротивното. Сигурен сум дека сите во соблекувалната се прашувале дали е добар во главата, – вели Снајдер и продолжува.

– Антони? Треба да биде засрамен од тоа што го направи. Требаше да се упати веднаш кон соблекувалната, наместо да провоцира. Се надевам дека Јунајтед ќе загуби 5:0 во финалето со Сити поради неговиот потег, – додава Весли.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни