СДСМ: Милошоски треба да си даде оставка од пратеничката позиција, не е достоен да ја извршува

од Stefanija Kuzmanovska

После низата судски предмети и скандали поврзани со Антонијо Милошоски треба да си даде оставка од пратеничката позиција затоа што не е достоен да ја извршува, соопштуваат од СДСМ.

„Антонијо Милошоски е осудено лице во Германија, близок соработник на Груевски, обвинет во случајот Моќник, главен предводник на политички мотивираната лустрација и докажан извор на лажни вести.

Милошоски, човекот кој го нарекуваше Блаже Конески „џуџето од Небрегово” кој нарачуваше лустрација на Славко Јаневски, нема образ да говори за македонските национални интереси.

Милошоски е соработник на режимот во којшто бевме изолирана и заробена држава, без меѓунаородна поддршка, 11 години заглавени во неизвесност а македонската дипломатија системски уништена и целосно партизирана.

Денеска работите се променети, претседаваме со ОБСЕ, членка сме на НАТО и водиме преговори со ЕУ за полноправно членство како слободна и демократска држава а дипломатијата е професрионализирана и унапредена“, наведуваат од владеачката партија.

Слични содржини