Search

Маж се самозапали пред израелската амбасада во Вашингтон

Маж се самозапали пред израелската амбасада во Вашингтон и во моментов е во критична состојба, изјави портпаролот на пожарната и ЕМС на округот Колумбија.

Противпожарната служба и Брзата помош биле испратени на местото на настанот по информациите дека маж се самозапалил пред израелската амбасада и го нашле мажот во пламен.
Овие служби соопштија дека пожарот го изгаснале припадници на американската тајна служба.

Мажот е пренесен во болница со повреди опасни по живот, а мотивот за инцидентот е нејасен.

Треба да знаете
Последни објави