Верона го освои Салерно за опстанок во Серија А

Верона стигна до огромни три бода во битката за опстанок во Серија А и го осигура истиот откако во претпоследниот натпревар од 37. коло славеше на гостувањето кај „фенерџијата“ Салернитана со 1-2.

Двата гола на гостите беа постигнати во првото полувреме. Натпреварот го отвори Суслов која ја затресе мрежата во 22. минута, а во третата минута од судиското продолжение Фолоруншо стралаше за 0-2. Поразот го ублажи Маџиоре со гол во 90. минута.

Со овие три бода Верна го осигура опстанокот во Серија А на коло пред крајот. Сега тимот има 37 бодови, четири повеќе од Емполи кој е на 18. позиција.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...