Новак Ѓоковиќ го победи Ринки Хиџиката од Австралија со 6-0, 7-6 во дуел од второто коло на Мастерсот во Мајами.
Србинот тргна фуриозно и првиот сет го доби за само 27 минути игра и без загубен гејм, но во вториот имаше многу мака, мораше да игра и тај-брејк за да го освои против 86-тиот на АТП листата.
Следен ривал на Новак ќе биде Аргентинецот Камило Уго Карабелји кој е 65-ти на АТП листата и има 25 години, а на главниот турнир влезе преку квалификации. Тој вечерва во второто коло изненадувачки беше подобар од 32-риот носител Алекс Микелсен од САД, и тоа со пресврт, откако го загуби првиот сет.