21.03.2025 05:32
Вести Македонија Топ вести

Хируршките клиники од денеска за онколошки пациенти, надеж дека од утре ќе работат по планираните програми

Хируршките килини во Скопје од денеска ќе продолжат со операции за онколошки пациенти, а се очекува од утре клиниките да работат со целосно планираните програми, најави денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

„Од денеска хируршките клиники ќе почнат да функционираат не со полн капацитет, туку само за онколошки пацинети, а  од утре по состанокот на кризниот штаб се надевам сите клиники да работат комплетно со програмите што биле планирани“, изјави министерот за здравство, Арбен Таравари.

Тој ја соопшти најновата состојба на пациентите од пожарот во Кочани, на лекување во болниците во државава и во странство, истакнувајќи дека добрата вест е што поминаа 72 часа и нема починати.

Во државава се третираат 178 пациенти низ различни здравствени установи, од кои што 64 се во државните болници, а 13 пациенти се во приватните болници и сите, како што рече, се во релативно стабилна состојба. На лекување во странство се 101 пациент и тие се во релативно стабилна состојба.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Еден загинат во пожар по експлозија на плинска боца во Куманово

Дејан Дејан

Приведени поранешните градоначалници на Кочани Димитровски, Илијев и Папазов

Дејан Дејан

Русија назначи преговарачи за разговорите со САД в понеделник за Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе