Свет
Нов разорен земјотрес ја погоди Турција
Турција повторно беше погодена од разорен земјотрес, со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала, само неколку часа по катастрофалниот земјотрес.
Како што соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот се случил на длабочина од два километри, на 13 километри јужно од Елбистан.
Турција рано утринава околу 04:17 часот беше погодена од силен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, а беше почувствуван и во Сирија каде како и во Турција има стотици загинати и повредени.
Бројот на жртвите се менува од минута во минута и веќе надмина илјада мртви и неколку илјади повредени во двете земји, а социјалните мрежи се преплавени со ужасни видеа од уништените градови, на кои одекнуваат криците на заробените луѓе кои повикуваат на помош.
Како што рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, само во Турција досега се пронајдени 912 жртви, додека 5.383 лица се повредени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шефот на полската дипломатија: Не ја исклучуваме можноста за испраќање војници во Украина
Полска не треба да ја исклучи можноста за испраќање сили во Украина, рече министерот за надворешни работи Радослав Сикорски во коментарите објавени денеска додека Киев се бори да го одбие рускиот напредок, но Сикорски не прецизираше каква улога ќе имаат полските војници.
Иако сојузниците на Украина во НАТО ветија дека ќе ја снабдуваат земјата разурната од војна со пари и оружје онолку долго колку што е потребно, тие генерално ја отфрлија можноста за испраќање војници во земјата.
Запрашан во интервјуто дали Полска е подготвена да испрати сили во Украина, Сикорски рече: „Не треба да го отфрлиме тоа. Треба да оставиме рускиот претседател Владимир Путин да погодува за нашите намери“.
Интервјуто го објавија полската Gazeta Wyborcza, италијанската La Repubblica и шпански El Pais.
Самиот Сикорски претходно изјави дека присуството на силите на НАТО во Украина „не е незамисливо“.
Вчера, врховниот командант на Украина рече дека потпишал документи со кои им овозможува на француските воени инструктори наскоро да ги посетат украинските центри за обука.
Свет
Северна Кореја се обиде да лансира нов шпионски сателит во Вселената, леталото експлодира за неколку минути
Северна Кореја вчера се обиде да лансира нов воен извидувачки сателит, но обидот не успеа, а потегот беше осуден од Јужна Кореја, Јапонија и САД.
Јужна Кореја објави снимка за која нејзината војска тврди дека го покажува неуспешниот обид за лансирање. Едноминутно црно-бело видео објавено од воениот штаб на Јужна Кореја покажува нешто што изгледа како експлозија на небото проследено со блесоци на светлина. Видеото е снимено со уред за надзор на јужнокорејски патролен брод.
Северна Кореја соопшти дека нејзиниот последен обид да лансира нов воен извидувачки сателит не успеа. Првата анализа покажа дека причината е ново развиениот ракетен мотор со течно гориво, но се истражуваат други можни причини, објави севернокорејскиот државен медиум KCNA.
Обидот дојде само неколку часа откако Пјонгјанг издаде предупредување дека ќе се обиде да го лансира сателитот до 4 јуни, што ќе биде негов втор шпионски сателит во орбитата.
Јужнокорејските и американските власти веруваат дека ракетата експлодирала неколку минути по летот, а јужнокорејскиот воен штаб соопшти дека открил голема количина ракетни остатоци во морето само две минути по лансирањето.
Проектилот истрелан од Северна Кореја исчезна над Жолтото Море, изјави за новинарите главниот секретар Јошимаса Хајаши. Тој ја обвини Северна Кореја дека со лансирањето ги прекршила резолуциите на Советот за безбедност на ОН.
Соединетите Држави го осудија лансирањето, „кое вклучуваше технологии директно поврзани со програмата за балистички ракети на КНДР и се случи спротивно на повеќе резолуции на Советот за безбедност на ОН“, рече портпаролот на Стејт департментот.
Лансирањето дојде неколку часа откако Кина, Јужна Кореја и Јапонија го заклучија трипартитниот самит во Сеул, забележува Ројтерс.
Свет
Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина
Шпанија, Ирска и Норвешка официјално ќе ја признаат палестинската држава и покрај бесната реакција на Израел.
Повеќе од 140 од 193-те земји-членки на Обединетите нации ја признаваат палестинската држава, вклучувајќи го најголемиот дел од глобалниот југ – Русија, Кина и Индија.
Мадрид, Даблин и Осло ја опишаа својата одлука како начин да се забрзаат напорите за обезбедување прекин на огнот во војната на Израел со Хамас во Газа.
Иако декларацијата на трите земји е главно симболична, тие се надеваат дека ќе ги охрабрат и другите земји од ЕУ да го следат примерот.
Шпанија и Ирска ќе бидат најголемите и политички највлијателните земји во 27-члениот блок што ја признаа палестинската држава, приклучувајќи им се на Шведска, Кипар, Унгарија, Чешка, Полска, Словачка, Романија и Бугарија.
Велика Британија, Австралија и членката на ЕУ, Малта во последните месеци навестија дека можеби ќе го следат примерот.
Словенечкиот премиер, Роберт Голоб, изјави дека словенечката влада во четврток ќе донесе одлука за признавање на палестинската држава, по што одлуката ќе биде испратена до парламентот на конечно одобрување.
Но, Франција рече дека сега не е време да се признае палестинската државност, додека Германија му се придружи на најверниот сојузник на Израел, САД, во отфрлањето на едностраниот пристап, инсистирајќи дека решението за две држави може да се постигне само преку дијалог.
„Се надеваме дека нашето признавање и нашите причини ќе придонесат другите западни земји да го следат овој пат, бидејќи колку повеќе сме, толку повеќе ќе имаме моќ да воведеме примирје“, рече премиерот Педро Санчез на 22 мај.
Трите земји ја признаваат палестинската држава во границите кои треба да бидат демаркирани како пред 1967 година, со Ерусалим како главен град на двете држави.